Стечајната управа на ски центарот Дурмитор распиша нов оглас за продажба на истоимениот хотел со земјиштето што му припаѓа и 13 бунгалови на Жабљак, по почетна цена од 2,8 милиони евра.
Во групата мали бизниси кои ги затвориле своите врати најчесто се продавници, таксисти, возачи на камиони, мали фирми за селидба, сопственици на интернет кафеа и сопственици на ресторани.
Словенечката најголема банка Нова љубљанска банка (НЛБ) соопшти дека ја затвора филијалата во Трст кон средината на 2015 година.
Според правилникот, нема веќе влечење на туристите за ракав, а ќе се тргаат и вишокот столчиња пред угостителските објекти.
Бугарија размислува увезената стока да биде со етикети испишани целосно на бугарски јазик, соопшти министерот за економија Драгомир Стојнев во интервју за Труд.
Во јануари вкупната количина собрано кравјо млеко била 3,1% помала во однос на јануари 2013 година, а производството на млеко за пиење е паднато за 30,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Словенечкиот национален авиопревозник Adria Airways од 22 април ќе почне на патниците во економската класа да им наплаќа за храната и пијалоците.
Поранешниот шеф на Федералните резерви на САД (FED), Бен Бернанке, во септември ќе дојде во Турција и ќе одржи ексклузивен говор за кој ќе добие 300.000 долари, пишува Хуријет.
Министерството за економија на Црна Гора соопшти дека нема заинтересирани странски инвеститори за изградба на систем хидроцентрали на Морача.
Податоците на Агенцијата за стопански регистри (АРП) покажува дека скоро 25.000 фирми во Србија немаат ниту еден вработен, а 22.000 имаат по еден.
Најголемиот словенечки трговски ланец Меркатор вчера започна акција Гарантираме најниски цени, со која ги намалува цените на 10.000 производи од сите групи, за ценовно да се приближи до конкурентите, трговските ланци Spar, Tuš, Lidl и Hofer.
ICP е непрофитна иницијатива, односно организација, основана во 2001 година од Paulig од Финска, Löfbergs Lila од Шведска, Lavazza Италија, Neumann Kaffee Gruppe и Tchibo, Германија.
Најголемиот словенечки произведувач и преработувач на пилешко месо Перутнина Птуј е задолжена со 110 милиони евра, а со банките преговара за репрограмирање на дел од финансиските обврски.
Според договорот, кој е предмет на регулаторно одобрување, Hero ќе купи 50% од акциите на Hero Gıda кои му припаѓаат на Ülker, со што станува единствен сопственик на подружницата.
Офшор компанијата Централноевропска алуминиумска компанија (CEAC) бара надоместок за штета и загуби, вклучувајќи и надоместок за незаконска експропријација на инвестициите на CEAC и очекува на име на оштета да добие преку 600 милиони евра.
Саемот на автомобили BG car show и Меѓународниот саем на мотоциклисти Motopassion, со преку 260 излагачи, ќе се одржи од 14 до 23 март во халите на Белградскиот саем.
Австриската Uniqa Insurance Group AG во потполност го заврши процесот на преземање на фирмите ќерки на швајцарската Baloise Group во Хрватска и Србија.
Долговите на српските компании главно се долгорочни, со просечен рок на отплата од седум години и 11 месеци, со просечна камата од околу 3,93%.
Бугарската народна банка (БНБ) ќе ги изложува банките на стрес тестови барем еднаш годишно. Со истата динамика ќе ги проценува ризиците на кои се изложени банките или може да бидат изложени.
Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност, заедно со ресорното министерство, од април планираат на граѓаните и фирмите да им даваат субвенции од 4.000 до 9.000 евра за купување на електрични, plug-in хибридни и хибридни автомобили.
Компанијата покажала интерес за соработка и евентуален откуп на мнозински пакет акции во компании во БиХ од областа на хемиското производство, како и за фабрики кои се занимаваат со производство на храна.
Според документот, во кој имал увид весникот Хуријет, тројца вработени на Chanel, вклучувајќи го и одговорниот за работењето во Турција, се соочуваат со казна затвор меѓу две и 10 години за свесно учество во шемата.
На годишно ниво, фирмата која управува со аеродромот, Меѓународен аеродром Загреб, според проценките на упатените, од новите надоместоци ќе има околу девет милиони евра дополнителен приход.
Триглав планира да ја продаде својата чешка фирма Триглав појиштовна, која минатата година ја заврши со два милиони евра загуба.