Заклучно со 13-ти овој месец, 51.616 граѓани ја исполнија даночната обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350.000 даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП.
Понудата се однесува на 20.203 обични акции со право на глас, издадени од Единство АД Струмица, коишто претставуваат 50,01% од основната главнина на друштвото.
Бизнис ангелите или ангели инвеститори (Angel investors), група од богати индивидуалци кои нудат финансиска поддршка на мали и средни компании, се очекува да инвестираат околу 50 милијарди долари во следните неколку години.
Рокот е продолжен до 19-ти февруари!
Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и три банки од групацијата ПроКредит потпишаа договори за гаранција за поддршка на мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија, Србија и Косово.
Под мотото Заедно сме посилни, Lyoness Македонија има големи, но реални очекувања за иднината.
Агромеханика, од први јануари заклучно со 31-ви декември 2016 година, работеше со добивка во висина од 58.887.000 денари.
Прифаќањето на ПроКредит Холдинг како член на берзата во Франкфурт, пред сè, е добра вест за малите и средни претпријатија кои се клиенти на ПроКредит банките.
Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Охридска банка се најтргувани во јануари.
Аплицирајте до 10-ти февруари! Акцелераторската програма, која трае 14 недели, на стартапите ќе им обезбеди работен простор, ментори, советници, многу настани, едукација, вмрежување, поддршка во развојот на производите или услугите.
Настанот се одржува на 06.02.2017 (понеделник) во контакт центарот на Фондот за иновации и технолошки развој на Рекорд, од 09:00-16:00.
Со три специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизнисите.
Бугарската медиумска куќа SeeNews стана медиумски партнер на регионалната платформа SEE Link.
Извршителите стануваат обврзници за пресметка и уплата на придонеси за обврзник за плаќање за кој имаат спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда.
Ви ги предлагаме обуките за финансиско знаење преку Штедилница Можности наменети за индивидуални земјоделски производители и мали земјоделски фирми!
Иново Брокер АД Скопје ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската, Белградската, Љубљанската и на Македонската берза.
Комерцијална банка минатата 2016 година ја заокружи со добивка во висина од 791.469.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Средствата од продажбата на обврзниците, чијшто рок на доспевање е 22 години, ќе се користат за финансирање на проекти за решавање на климатските промени.
За ДДВ - 04 пријавите краен рок ќе биде 01.02.2017 година, додека краен рок за поднесување на Годишните извештаи ќе биде 07.02.2017 година.
ЕБОР обезбеди три милиони евра кредит како дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан - Жени во бизнисот, за финансирање мали и средни претпријатија управувани од жени.
Најниска основица за пресметка на придонесите за 2017 година изнесува 16.439 денари, односно 50% од просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во ноември. Највисока основица за пресметка на придонесите за 2017 година за примањата од работен однос изнесува 394.524 денари (12 х 32.877 денари).
Од УЈП апелираат даночните обврзници на Годишните даночни извештаи да им дадат приоритет во наредните денови земајќи предвид дека рокот за поднесување на истите е до 31 јануари 2017 година.
Ви ги предлагаме кредитните продукти на Штедилница Можности наменети за индивидуални земјоделски производители и мали земјоделски фирми!
УЈП ги известува ДДВ обврзниците и сметководителите дека за определена група на ДДВ обврзници се доставени барања за информации заради утврдување на веродостојноста на податоците искажани во поединечните полиња на даночната пријава ДДВ - 04.











