Цените на угостителските услуги во април оваа година, во споредба со претходниот месец, бележат зголемување од 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Конференција на тема Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема - како до успешна практична примена, ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Македонија.
Во Метрополис Арена, на 3.000 метри квадратни, повеќе од 70 издавачи се дел од 27-миот по ред Саем на книгата 2015.
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, денеска беше домаќин на средба меѓу компании од Македонија и Косово.
Трговскиот дефицит во првото тримесечје од оваа година е 431.899.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На 8-ми мај, во периодот од 15 до 17 часот, сите оние кои ќе го посетат штандот на Фибула, ќе добијат можност да учествуваат во Фибула happy hour и да добијат вредни и пријатни изненадувања поврзани со летните одмори.
Здружението на производители и извозници на вино и други пијалоци произведени од грозје - Вина од Македонија одбележува пет години од своето постоење.
Податоците на туроператорите за летувањето во сезоната 2015 укажуваат на зголемување на интересот за летувањата во Македонија, со зголемена продажба на аранжманите за Охрид за околу 30%, споредено со истиот период минатата година.
ИФФК Браќа Манаки и официјалниот партнер - Вип оператор денеска објавија дека годинава Интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки ќе се одржи од 18 до 27 септември.
Доктори, пациенти со астма и луѓе кои сакаат да помогнат во подигање на свесноста за оваа болест утре во 11 часот ќе учествуваат во трка на 500 метри која ќе се одржи на Кејот на реката Вардар во близина на Сити хол.
Oд утре до седми мај на комплексот Технички факултети и на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи второто издание на 11-от по ред Саем за вработување и кариера - Job Fair Vol.2.
Во трговијата на мало, во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 19,4%, а реално за 18,5%).
Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2013 година изнесува 24,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Советот на Народната банка на Република Македонија денеска ја одржа својата четврта седница. На денешната седница, Советот го усвои Годишниот извештај за 2014 година.
Бројот на работници во индустријата во март оваа година бележи раст од 0,9% во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трговскиот центар Рамстор денеска ја најави најновата кампања која го носи името Рамстор Мол свири, која ќе опфати серија на бесплатни концерти.
Од почетокот на годинава во ХЕЦ Шпилје кај Дебар, произведени се околу 120 милиони киловатчасови електрична енергија, што е за десет отсто повеќе споредено со истиот период лани.
Како цел од својот концепт за здрава исхрана и здрави навики, компанијата Вивакс спроведе еко акција со садење овошни дрвца во неколку детски градинки во Скопје.
Кампањата ќе се реализира под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ и има цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот, почнувајќи од здрава исхрана како што се овошје и зеленчук, преку начинот на одржување на хигиената на запчињата.
Со овие измени и дополнување, меѓу другото, се воведува нов вид на налог, “налог по најповолна цена“, а се воведува и можноста за давање на специфични инструкции од клиентите кај лимитираните налози.
Осигурителните компании во Македонија во текот на минатата година остварија бруто полисирана премија од 7.629.423.000 денари, од кои во делот неживотно осигурување е 88,36% или 6.741.094.000 денари.
Се очекува да се усвои нов акциски план со поддршка за приоритетните и заеднички инфраструктурни поврзувања и вклученост на заеднички компании во нивната изградба.
Индустриското производство во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Меѓународното училиште Нова викендов организираше семеен базар и собра 3.700 евра од кои дел ќе бидат наменети за Заводот за ментално здравје на деца и младинци Младост – Здравствен дом Скопје.











