Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,3% на месечно, односно 4,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Првичните декадни податоци за март на кредитниот пазар покажуваат релативно висок раст на вкупните кредити на месечна основа, што претставува значајно раздвижување на кредитниот пазар по релативно послабите остварувања од почетокот на годината.
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестиции.
Деловни средби меѓу македонски и австриски компании се одржуваат денеска во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговското одделение на Амбасадата на Австрија.
Хуанг заедно со членови од македонските Ротари клубови ги посетија и штитениците од посебното училиште Иднина, институција каде беа реализирани и неколку значајни донации.
Оваа програма за обука ќе им овозможи на оние кои ќе ја завршат обуката директно да се вклучат како копилоти во компанијата, летајќи го авионот Airbus A320 на WIZZ-овите летови по завршување на целокупната обука.
Во рамки на состанокот ќе бидат презентирани и логистички решенија за ефикасни и брзи транспортни патишта од и за Европа.
Радио Бубамара денеска прославува 20 години постоење со весела еколошка акција за голем број љубители на природата и на добрата музика. Во акцијата ќе се организира собирање и селектирање на пластични шишиња, ќеси, конзерви и друг отпад што се наоѓа околу планинарските патеки на Водно.
Во случај ако некоја институција не дава одредена информација, секој граѓанин и сите правни лица имаат можност да поднесат жалба до Комисијата доколку во законски определениот рок од 30 дена не добијат одредена информација.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 745.974 МWh електрична енергија, 13,674 мил. nm3 природен гас, 497.997 тони јаглен и 68.952 тони нафтени продукти.
На настанот фокусот беше ставен на неопходноста и начинот на создавање бизнис план, како и алатки кои прецизно ја покажуваат состојбата на компанијата и ефективноста на евентуалните следни инвестиции.
Целта на манифестацијата е да ги поврзе сите претставници на хотели од блиските и егзотичните дестинации со оние на кои им е потребно ново патувачко искуство и нови спомени за раскажување и споделување.
Целта на конференцијата е да отвори дискусија за градење на ново партнерство меѓу туристичкиот и винарскиот сектор, преку заедничка соработка.
Проектот промовира еднакви права за социјална и економска инклузија на лицата со попреченост и цели кон зголемување на видливоста за проблемите на лицата со попреченост кај компаниите и пошироката заедница.
Семејствата на учениците од меѓународното училиште Нова, нивните гости, припадници на бизнис заедницата од Македонија, амбасадори и членови на дипломатскиот кор, на базарот ќе подготвуваат јадења, ќе продаваат сувенири од своите матични држави и ќе донираат подароци за лотаријата.
Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе биде промовирано еколошкото означување за туристичките сместувања.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари декември 2013 година, изнесува 2.320.814.000 долари, покажуваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика.
Од 5 - 7 мај на комплексот Технички факултети и на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи второто издание на 11-от по ред Саем за вработување и кариера-Job Fair Vol.2
Четврта меѓународна истражувачка конференција на тема: Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика.
Регионална конференција на тема Борба против корупцијата се одржува денеска и утре во Скопје во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.
Тренинг конференцијата е наменета за топ и средниот менаџмент, особено од секторите маркетинг, производство и човечки ресурси.
Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде најмасовен од сите изданија до сега. До денеска се пријавени 5.600 учесници, од 42 земји ширум светот.
На 18.04.2015 беше затворен првиот повик за финансирање проекти под инструментот кофинансирани грантови за старт - ап, спин - оф трговски друштва и иновации на Фондот за иновации и технолошки развој.
На дебатата ќе се дискутира за две теми: Претприемништвото и економскиот растеж: Како претприемачите можат да го зголемат националното богатсво? и Успешни претприемачки приказни: Како да се поттикне креативноста?











