Претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Бизнис центарот на Скопски плански регион денеска ќе дебатираат на тема Енергетска ефикасност во градежништвото - Зелена градба.
Познатиот ланец на спортска опрема и облека, Sport Vision отвори нова продавница лоцирана во трговскиот центар Рамстор.
Тутунската индустрија годинава бележи намалувања по однос на сите параметри. Склучени се вкупно 34.445 договори за откуп или 19% помалку од лани, насадени се 14.030 хектари тутун или 30% помалку.
Француското Интернационално училиште во Скопје во вторник на 21 април во девет часот ќе ги отвори вратите и ќе ги пречека сите родители кои сакаат нивните деца да учат на француски јазик и се стекнат со квалитетно образование.
Стопанската комора на Македонија најавува зајакнување на бизнис соработката со Кина преку Деловниот совет во кој членуваат и стопанските комори на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија.
Прометот во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи раст од 11,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Дрекслмајер денеска додели пет стипендии на најдобрите студенти од електротехничките и машинските факултети кои аплицираа на конкурсот.
Обврзниците кои се администрираат од Регионална дирекција Скопје може да ги користат електронските услуги на УЈП, како и даночните канцеларии определени според тип/вид на услуга на неколку локации.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март оваа година, според раководителите на деловните субјекти, е непроменет во однос на претходниот месец.
Висината на грантот ќе се определува според три критериуми и тоа големината на компанијата, каде е таа лоцирана и според видот на советот што и е потребен на бизнисмените.
Бизнис средбата се организира на иницијатива на членките на Регионалната комора, со цел интензивирање на соработката со локалната самоуправа, подобрување и унапредување на можностите за развој во регионот.
Со измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, со кои се воведува нов тип на налог - налог по најповолна цена и истовремено се врши модифицирање на постојниот лимитиран налог.
Најновите оцени на НБРМ не упатуваат на големи промени во амбиентот за спроведување на монетарната политика.
Ќе стане збор за тоа како да се реши кризата со невработеноста во регионот и да се стимулира економски раст што ќе создава повеќе и поквалитетни работни места.
Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ, од 13 до 17 април оваа година е присутна на најголемиот индустриски саем во Европа, Хановер Месе 2015, Германија.
Цените во земјоделството во март оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот бележат намалување од 8,1%, додека кај аутпутот има зголемување за 5,2%.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во февруари оваа година и на домашен и на странски пазари, се пониски за 1% на месечно ниво и 3,3% на годишно ниво.
Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството отвори дисперзирана канцеларија во општина Илинден сместена во зградата на општината.
Европската унија ќе одвои 11.900.000 евра за новата ИПА прекугранична програма помеѓу Македонија и Албанија (2014-2020 година).
По повод Денот на Царинската управа на Македонија - 14 април, денеска ќе бидат презентирани постигнувањата на институцијата во текот на минатата година.
Директориумот претставува интегрирана база на податоци за македонските претпријатија преку кој, заинтересираните инвеститори можат едноставно и брзо да најдат фирма која одговара на нивните потреби.
Бројот на туристите во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е зголемен за 9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На настанот се дискутираше за предизвиците со кои секој претприемач и менаџер се соочува на работното место. Беа дадени алатки и споделени искуства за надминување на проблемите и водење на компанијата во развој.
Поради претстојните Велигденски празници, Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 11.04.2015 година (сабота), од 18.00 часот до 06.00 часот наредниот ден 12.04.2015 година (недела), ќе биде забрането одвивањето на сообраќај на некои делови од градот.











