Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија е повисок во февруари 2015.
Презентација на повеќе од 10.000 парчиња мебел, за прв пат поставени во 10 саемски хали, од 24 до 29 март 2015 година, ќе ги очекува граѓаните кои ќе имаат можност да го посетатат Скопски саем.
Македонија се претстави со нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали кои имаа можност да ги видат повеќе од 50.000 посетители.
Во 2013 година, во рамките на структурните деловни статистики биле анализирани 54.305 деловни субјекти во кои биле вработени 339.346 лица, со остварен вкупен промет од 972.639.000.000 денари.
ЛЕАДЕР пристапот е форма на јавно-приватно партнерство базиран на оформување на Локални акциони групи (ЛАГ-ови), здруженија кои се состојат од претставници на јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор.
Значително намалување е забележано кај девизните резерви од почетокот на годината, се наведува во извештајот на Народната банка на Македонија за најновите макроекономски показатели за декември 2014 и јануари 2015 година.
Настанот беше организиран со цел подобро информирање за процедурите за аплицирање, детално објаснување и насоки за пополнување на апликациски пакет за отворениот повик за финансирање преку инструментот Ко-финансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации.
Стопанската комора на Македонија организира Македонско - турски бизнис форум, на кој што 15-тина турски компании од областа Башискеле, еден од најразвиените индустриски региони во Турција.
Холандска Интервистас консалтинг Б.В. (InterVISTAS Consulting B.V) во наредните четири месеци треба да изработи физибилити студија за можноста за воспоставување национален (редовен) авиопревозник во Македонија.
“Секој ден шанса за живот е“ се вели во новата песна заеднички проект на ОКТА и Влатко Лозаноски, Ренната, Наталија Славева, Виктор Апостоловски и хорот на Златно славејче.
На почетокот на 2015-та година, успешно е завршен процесот на ребрендирање на Хипо Алпе Адриа на групно ниво и според планот сега привршува и ребрендирањето на Македонската канцеларија.
На светскиот Ден на поезијата, 21-ви март, скопјани ќе може да уживаат во кафето и наместо сметка за истото ќе добијат лист хартија и пенкало за да напишат поема со што ќе го платат испиеното кафе.
Индо Минерали и Метали е препознатлива компанија која со својата корпоративна цел по која се води, создава работни места и просперитет за популацијата.
Водичот има за цел да придонесе за подигнување на степенот на финансиската едукација, како и предметите поврзани со пари и управувањето со нив да станат подостапни до младите генерации.
Во штипската индустриска зона Запад денеска ќе биде пуштена во употреба фабриката за заварени склопни елементи за шасии за автобуси Актива.
Во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, индексот на цените на тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 91,1, а индексот на цените средствата наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 100,9.
Во просториите на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје, заинтересираните може да се обратат за сите информации во врска со отворениот повик, како и останатите програми и активности на Фондот.
Од јуни годинава означувањето на прехранбените производи мора да биде лесно воочливо, читливо и разбирливо.
Оваа година, акцијата се одржува на 28-ми март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време, во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 162 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.
Донацијата се состоеше во обезбедување поголем број на постелнини, кои на резиденцијата за грижа на возрасни лица секојдневно и се потребни.
Агенцијата за катастар на недвижности од денеска започнува со акцијата Отворени денови со Катастарот во општините на Град Скопје.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во јануари оваа година, се повисоки за 0,3% на месечно ниво, а се пониски за 2,3% на годишно ниво.
Прометот во трговијата на мало, во 2014 година, реално бележи опаѓање во групите/класите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива, Трговија на мало, освен горива и Трговија на мало со моторни горива.
Бројот на туристите во јануари 2015 година изнесува 32.806, а бројот на ноќевањата изнесува 65.472.