Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2014 година е 2,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Руската компанија Стројтрансгас утре ќе ја почне изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце - Блок станица 5.
Темата за оваа година на Глобалната недела на парите е Штеди денес - заштеди утре, со намера младите луѓе да научат да штедат за својата иднина.
Стапката на невработеност во четвртото тримесечје од 2014 година е 27,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари - февруари годинава се: Истанбул 15%, Цирих 8,6%, Базел 6,4%, Виена 6,3%, Малме 6%, Лондон со 5,5% и Минхен 4,9%.
Македонија и Бугарија имаат интерес од продлабочување на економската соработка, оценија присутните на бизнис форумот што се одржува во Софија.
Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки.
Во летната сезона Дојран на туристите ќе им понуди нови содржини меѓу кои најголема атракција ќе биде првата жичара на вода во земјата која ќе се гради токму на Дојранското езеро
Народната банка денеска спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%.
Во рамки на активностите за претставување на можноста за кофинансирање на иновации во износ до 30.000 евра во Охрид утре ќе се одржи првиот од серијата информативни настани што ќе ги одржи Фондот за иновации и технолошки развој.
Раст од 3,5% има кај бројот на работници во индустријата во јануари оваа година, во споредба со истиот период претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Општина Илинден во текот на овој месец работи на донесување на нови урбанистички планови за населените места Илинден, Марино и Кадино, со важност во наредните 10 години, со вкупна површина од 700 хектари.
Македонија не заостанува многу зад другите европски земји во однос на енергетската ефикасност, кадри од оваа област има, но добро е тие да се сертифицираат.
Трошоците на живот во февруари оваа година останаа на исто ниво во однос на претходниот месец, додека цените на мало бележат пораст од 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Студентите преку штандовите ќе може да им пристапат на претставници од компаниите со цел подетално да се информираат или да се консултираат за голем број прашања.
Просечната цена на еден метар квадратен површина станбена површина во 2014 година беше 46.505 денари, што е за 0,7% помалку во однос на 2013 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Владата на Јапонија ќе додели грант од 259.998 евра за поддршка на четири проекти во македонските општини Центар Жупа, Демир Хисар и Велес и за Универзитетската клиника за радиологија во Скопје.
Општина Тетово вчера потпиша меморандум за соработка со кој донираше 6.000 долари на Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи.
Министерството за транспорт и врски распиша објави за продажба на 28 парцели со градежно неизградено земјиште за повеќе намени, лоцирани во Орешани, во Градско, Дебарца, Дојран и Ѓорче Петров.
Индустриското производство во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во јануари оваа година се издадени 236 одобренија за градење, што е за 68,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Работилница на тема Енергетска ефикасност во рамки на Платформата за енергетска ефикасност се одржува денеска во Скопје.
Понудената парцела со површина од 1.079 метри квадратни се наоѓа спроти паркот Шопен и на неа може да се подигне објект со бруто развиена површина од 4.945 метри квадратни и максимална висина од 21 метри.
Цените на угостителските услуги во февруари оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.