Во организација на здружението Винотек денеска и утре во Кавадарци се одржува земјоделски саем.
Компанијата Еуромакс ресурсис започнува со спроведување на истражување за социо - економските карактеристики на населението на селата Иловица и Штука во општината Босилово.
На иницијатива на ССК, донесена е одлука за измена на законот за данок на добивка, каде што во 2014 година, реинвестираната добивка на компаниите од 2013 година, ќе се смета како даночно ослободување.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во февруари оваа година, на домашниот пазар се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 3,3% на годишно ниво.
Охрид ќе биде домаќин на петтиот по ред Туристички саем Скопје Травел Маркет што ќе се одржува од седми до деветти мај.
Буламач од Малешевијата, мариовско биено сирење, крушевски колбаси... се само некои од македонските специјалитети што ќе бидат презентирани на конференцијата “Заштита на квалитет на традиционални производи“.
Проектот промовира еднакви права за социјална и економска инклузија на лицата со попреченост и цели кон зголемување на видливоста за проблемите на лицата со попреченост кај компаниите и пошироката заедница.
На седницата беше разгледан и усвоен Извештајот за работењето на внатрешната ревизија за 2014 година, при што беше констатирано дека Дирекцијата за внатрешна ревизија целосно ја спроведе својата Програма за работа.
Освен стручни предавања, на конгресот ќе се одржат и неколку работилници на кои ќе се обработат и презентираат најразлични нови мануелни техники кои се популарни во светската физиотерапија.
Петнаесеттото редовно годишно собрание на членови на Македонско - Германското стопанско здружение се одржа вчера во Скопје.
До денес, во рамки на проектот реализирани се енергетски ефикасни реновирања на 32 колективни станбени згради во 7 општини, поддржувајќи повеќе од 600 домаќинства.
Штандот на банката е лоциран на самиот влез од првата хала, и претставува можност сите оние кои сакаат да купат мебел што го посакуваат, тоа да го направат со помош на кредитните производи на Стопанска банка.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 903.598 МWh електрична енергија, 29.699 мил. nm3 природен гас, 494.898 тони јаглен и 73.627 тони нафтени продукти.
Бизнис секторот во Македонија покажува сè поголем интерес за општествена одговорност и филантропија. Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина од компаниите донираат во текот...
На доделувањето на наградите Скајтракс во рамки на 21-тиот Саем за аеродромски услуги - Passenger Terminal Expo, што се одржа во Париз, скопскиот аеродром е прогласен за деветтиот најдобар аеродром во источна Европа.
Комерцијална банка АД Скопје вчера вечер со свечена Академија прослави 60 години од своето постоење.
Од денеска до 29-ти овој месец, на скопски Саем ќе се одржи 41-то издание на Меѓународниот саем за мебел 2015 година.
Македонско - руската стопанска комора одбележува 10-годишно делување во насока на економско поврзување меѓу Република Македонија и Руската Федерација.
Трговскиот центар Рамстор во соработка со Пакомак и Шпаркасе банка, по трет пат ќе го организира најголемиот еко маскенбал во земјата.
Организациите Аналитика, Еко-свест и Фронт 21/42 со поддршка на Британската Амбасада во Скопје, денеска ќе одржат конференција за енергетскиот модел 2050 Калкулатор.
Во Стопанската комора на Македoнија денеска се одржува Трговска конференција на тема Македонските и турските бизниси заедно на пазарот на Африка: предизвик или можност?
Работниците не се доволно информирани за стандардите за безбедност при работа, покажуваат резултатите од истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот Граѓански организации како активни социјални актери во промоција на БЗР стандарди.
Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 5,5% додека во однос на декември 2014 година има намалување од 7%.
Објавен е јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, за набавка на опрема за систем капка по капка за пченка, сончоглед и фуражни култури и бунари за наводнувањe.