Трошоците на живот во февруари оваа година, во однос на претходниот месец, се пониски за 0,1%, додека кај цените на мало намалувањето е за 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првите два месеца од оваа календарска година, ХЕЦ Шпилје испорача над 51 милион киловат часови електрична енергија што претставува 19% од вкупно планираното производство за годинава.
Во четвртото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото тримесечје од 2014 година, се пониски за 2,6%.
Трговскиот дефицит во јануари 2016 година изнесува 68.777.000 евра, што претставува намалување за 6,7% во однос на истиот период од минатата година.
Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.927.000, во железничкиот превоз 352.000, во градско - приградскиот превоз 22.433.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 375.600.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува обврзниците дека МПИН пресметките за бруто плата (месечна пресметка за интегрирана наплата) се доставуваат преку електронска пошта [email protected].
Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2015 година е 1,50%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Скопскиот аеродром Александар Велики доби награда за најдобар аеродром во Европа во 2015 година за ASQ за квалитет на услугите, во категоријата аеродроми под два милиона патници, што ја доделува организацијата Airports Council International.
Пензиските друштво до членовите и пензионираните членови на пензиските фондови со коишто управуваат, годишните известувања за 2015 година ќе треба да ги достават најдоцна до 31-ви март оваа година.
Во трговијата на мало, во јануари 2016 година, во споредба со јануари 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,6%, а реално за 8,9%).
Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата, во второто полугодие на 2015 година, изнесува 5,11 денари по киловат час, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На простор од 500.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек, ќе се гради првата ЕКО населба во Скопје.
Размена на знаења и искуства со цел продлабочување на 10-годишната соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија и холандскиот Катастар предвидува денеска потпишаниот Меморандум помеѓу двете институции.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари оваа година на домашниот пазар се пониски за 0,2% на месечно ниво, односно 0,4% на годишно ниво.
Советот на Народната банка на Република Македонија, на втората седница, донесе нова Одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 72,6% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија.
Преку воведување мерки за енергетска ефикасност, општините можат да ги подобрат и да ги зголемат своите услуги.
Соработката на социјалните партнери предвидува и размена на информации и идеи за справување со сивата економија, како и активности за подигнување на свеста за придобивките од пријавената работа.
Секој граѓанин во Македонија ќе може да ја надгради својата куќа до максимална висина од 10 метри и 20 сантиметри и во случај ако надградбата на објектот не е предвиден во планската документација.
Во Македонија стасуваат годишно околу 400 милиони долари, од кои половината по неформални канали. Околу 88.000 приматели на овие дознаки се невработени лица.
Бизнисмените покажаа огромна хуманост и наддаваа за 12 од 15 уметнички дела на македонскиот уметник Живко Поповски – Цветин, во рамки на хуманитарниот настан Единствени во заедништвото.
Ликвидноста на банките оствари умерен месечен пад во јануари, покажуваат оперативните податоци за тековите на ликвидноста на Народната банка на Македонија.
Во склоп на ова патување беа одржани и интерни саеми каде што се претставија 14 германски компании кои се занимаваат со производство на најсовремена опрема за пекарска и кондиторска индустрија.
Во подготовка е законска рамка со којашто ќе се регулираат инвестициите на бизнис ангелите во Македонија, со цел компаниите да ги искористат бенефините.