Мешовитата комисија за економска соработка меѓу министерствата за економија на Македонија и Словачка денеска ќе ја одржи првата седница.
Во Тиквешкиот регион се поставува президумот на станушината со што ќе се заштити оваа сорта. Се формира асоцијација на производители на грозје и вино од ова сорта грозје, кои ќе се презентираат на национално и меѓународно ниво.
Меѓународното училиште Нова и фондацијата Борис Трајковски го распишуваат годинашниот конкурс за доделување три целосни стипендии за четиригодишно школување во оваа образовна институција.
До крајот на февруари ќе заврши откупот на тутунот. Останува да се преземат уште 2.000 до 2.500 тони. Досега се откупени околу 18.000 тони тутун од ланската реколта, со моментна просечна цена од 186 денари.
За време на хуманитарниот настан ќе се организира аукција на уметнички дела на реномираниот македонски ликовен уметник, Живко Поповски – Цветин, на која за хуманоста ќе наддаваат македонски бизнисмени.
Целта на состанокот е преку презентациите да се дадат предлози со коишто ќе се унапреди и продлабочи соработката меѓу преносните систем – оператори од регионот.
Македонија2025 објавува отворен повик за 40 учесници кои ќе добијат целосни стипендии за 9-тото издание на ЛИДЕР Проектот во Скопје.
Бројот на превезени патници во градскиот превоз, во последното тримесечје од 2015 година во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 1,8%.
Економска информативна работилница за Македонија, во организација на француската агенција Business France, денеска се одржува во Париз.
Земјоделската преработувачка индустрија ја заврши 2015 година со рекордно висок резултат во однос на производството, најголем во последните 20 години.
Неопходни се измени на законската регулатива за заштита на потрошувачите и конкуренцијата за да се подобри состојбата во овие области, беше заклучено на тркалезна маса што ја организираше Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам).
Граѓанските организации генерално се соочуваат со недостаток од познавање на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима, како нов дел од законодавството на ЕУ, па оттука ова е вистински момент за граѓанското движење да го промовира партиципативниот пристап кон овој процес.
Цените во земјоделството во јануари 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 2,2%, а кај аутпутот намалувањето е за 1,1%.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2015 година, во однос на четвртото тримесечје од 2014 година, е зголемено за 44,9%.
Откупот и продажбата на земјоделски производи, во четвртото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период во 2014 година, се зголемени за 7,9%.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во текот на 2015 година изнесува 3.412.089.000 денари што е за 52,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Работното време на угостителските објекти од 15.02.2016 до 31.05.2016 година се намалува за еден час, информираат од Државниот пазарен инспекторат.
Борбата против корупцијата, платежниот морал и ЕУ интеграциите се трите најважни услови за успешен бизнис, но Македонија реално не посветува сериозно внимание на нивното исполнување, ова е заклучокот од третото истражување на бизнис климата во Македонија.
Рудникот Саса во соработка со странски експерти, годинава ќе работи на нови проекти од аспект на безбедноста при работа и заштитата на животната средина,
Наградата за социјално претприемништво по втор пат ќе се организира во Македонија. Оваа награда веќе е присутна во 12 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2016 година е за 0,4 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во декември минатата година, се пониски за 0,7% на месечно ниво, а за 3,8% на годишно ниво.
Компанијата оне.Вип ДОО Скопје и спортскиот центар Борис Трајковски денеска потпишаа договор за деловна соработка.
CEESA Knowledge Bowl е натпревар во којшто учествуваат ученици од образовни институции кои се дел од Асоцијацијата на училишта од Централна и Источна Европа. За да се победи на овој натпревар, пред сè, потребно е да се има енциклопедиско знаење