Според издадените одобренија за употреба, 11 (50%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба и 11 (50%) за објекти од нискоградба.
Бројот на туристи во декември минатата година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 24,4%, а кај бројот на ноќевања има зголемување од 19,7%.
Прометот во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 1,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трошоците на живот во јануари оваа година, во споредба со декември, се пониски за 0,2%, додека цените на мало се непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Голем број вработени во винарницата, доброволно се приклучија кон оваа акција којашто традиционално, со децении наназад, се одржува во Тиквеш.
Меѓународната компанија за ИТ услуги, Ендава, што има канцеларии во Лондон, Њујорк, Франкфурт, Њу Џерси и Атланта, објави дека влегува во партнерство со специјалната осигурителна компанија Бизли.
Месечното намалување на кредитите произлегува од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, што не е невообичаено за првиот месец од годината.
Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 24.632 милиони денари, односно 868 милиони денари помалку од понудениот износ.
Македонските компании се заинтересирани да инвестираат во иновациите и да ги прошират своите бизниси, но понекогаш им се потребни финансиски средства кои можат да ги обезбедат преку Фондот за финансирање на иновативни бизниси.
Во декември минатата година се издадени 336 одобренија за градење, што е за 10,2% повеќе во однос на истиот период претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 1,1 процентен поен во однос на истото тримесечје од 2014 година
Децата на возраст од 6 до 14 години ќе можат бесплатно да ги учат техниките по уметничко лизгање на бесплатната школа организирана од компанијата Еуролинк осигурување.
Програмата се спроведува 18 месеци во периодот 2014 - 2016 и има цел да ја зголеми ефикасноста на користењето енергија во општините во Македонија со унапредување на капацитетот на локалните самоуправи да идентификуваат и спроведуваат енергетски ефикасни можности.
Банките, извршителите и компаниите отсега ќе може да ја користат апликацијата watch dog што ја воведе Агенцијата за катастар на недвижности со која во секој момент ќе имаат увид во состојбата на имотот за којшто се заинтересирани.
Двете возила на електричен погон - метлачки Еурека се од италијанско производство и се користат за одржување на хигиената на плоштадот Македонија и за другите плоштади, како и за пешачките зони во централното градско подрачје.
Банкарскиот сектор ја засили кредитната поддршка на приватниот сектор во последниот квартал од 2015 година, покажува кварталниот извештај на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Вкупните девизни резерви на крајот на јануари достигнаа 2.239.500.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до декември 2015 година, достигна ниво од 1.725.705.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2015 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје.
Цените на угостителските услуги во јануари, во споредба со декември 2015 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Факторите поврзани со конкуренцијата од други банки и ликвидносната позиција на банките, во поглед на факторите што влијаат на кредитните услови, придонесуваат за олеснување на кредитните услови.
Во пресрет на 20-годишнината од првиот ден на тргување, Македонска берза го организира вториот отворен ден за посета на берзата.
Компанијата Нептун Македонија ДОО во стопанскиот комплекс Илинден почна со градба на нов дистрибутивен центар, што ќе се простира на површина од 7.000 метри квадратни.
Еднодневната обука се однесува на теми од актуелни настани, коишто се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење.











