Проектот е насочен кон поврзување на двете општини во делот на економскиот развој на пчелните производи, фокусирајќи се на поддршката на пчеларите од неготинска општина.
Станува збор за електронско издавање на предлог за комисиско продолжување на боледување (ПСР) и извештајот за спреченост на работа (ИСР), односно електронско поднесување на барање за остварување надомест за плата, право на боледување и породилно отсуство.
Од овој месец Македонија ќе почне да извезува млечни и месни производи на рускиот пазар.
Бугарската министерка за туризам, Николина Ангелкова, заедно со поголема делегација составена од туристичкото стопанство и градоначалниците на неколку бугарски градови, е во посета на земјава, пишува Миа.
Во текот на февруари ќе се организираат неколку предавања, работилници и панел дискусии, каде млади и успешни претприемачи, со огромен ентузијазам, ќе ги споделат сопствените приказни, совети, искуства и тактики како студентите да ја реализираат сопствената бизнис идеја.
Оваа јубилејна 2016 година, Народната банка на Република Македонија е во центарот на прославувањето на 70-годишното институционализирано централнобанкарско работење на територијата на македонската држава.
Во трговијата на мало, во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,1%, а реално за 8,6%) и Трговија на мало.
На Клиниката за детски болести на Одделот за онкологија и хематологија, минатата недела од страна на компанијата Новартис беше дониран апарат за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември минатата година се пониски за 0,2% на месечно ниво, односно за 0,8% на годишно ниво.
Панелистите разговараа и за тоа како интеракцијата помеѓу кластерите и технолошките паркови стимулира раст, го поттикнува протокот на знаење меѓу универзитетите и компаниите, и ја промовираа културата на креативност и иновативност.
Бројот на работници во индустријата во период од јануари до декември 2015 година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 1,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во периодот јануари - декември 2015 година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Клучен поединечен двигател на растот во третиот квартал е личната потрошувачка, при постојани позитивни движења на пазарот на труд и засилување на кредитирање на...
Денес, Проектот на УСАИД за стекнување вештини за вработување кај младите (Мрежа ЈЕС) беше домаќин на конференција за локалните економско-социјални совети (ЛЕСС).
На 1.500 квадратни метри ќе се гради хотел со педесетина легла, ресторан, базен, спа центар, летна бавча и игротека за деца.
Структурата на кредитирањето во ноември покажува раст на кредитите на фирмите наспроти забележаното намалување во претходниот месец.
Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост е насловот на твининг проектот спроведен од Данската канцеларија за патенти и трговски марки.
Објавен е повик за поднесување барања за финансиска поддршка на новите лозови и овошни насади, како и на новите површини со медоносни растенија, подигнати од први октомври до 31 декември 2015 година.
Трговскиот центар Скопје Сити Мол од 26-ти јануари до 14-ти февруари ќе им овозможи едно поинакво шопинг искуство на посетителите каде своите омилени производи во повеќето од продавниците во молот ќе можат да го купат на попуст.
Македонската туристичка понуда ќе биде дел од големиот Саем за туризам ЕМИТТ што од задутре до 31 овој месец ќе се одржува во Истанбул.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во ноември минатата година, изнесува: 682.684 МWh електрична енергија, 15.332 мил. нм3 природен гас, 481.014 тони јаглен и 88.206 тони нафтени продукти.
Министерството за економија ќе обезбеди поврат на дел од средствата што се потрошени за обезбедување на колекторските системи до 30% под услов да не го искористил ова право од претходните огласи.
Овој далновод е капитален објект вреден над 11 милиони евра на македонска територија и е од големо стратешко значење затоа што поврзува два соседни електроенергетски системи на коридорот север - југ.
Целта е да се намали потрошувачката на електрична енергија, која моментално, во земјите на ЕУ опфаќа 40% од вкупната потрошувачка на струја. Со ова ќе се намали и емисијата на штетни гасови за 30%.