За полнење на електричните автомобили на сопствениците на располагање им се двата полначи за електрични возила во катната гаража Тодор Александров и во катната гаража Македонска фаланга.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии, од утре (23.01.2016, сабота) почнува тренинг курс за Згради со енергија близу до нула (Nearly Zero Energy Buildings - NZEB).
Хидроелектраните Шпилје кај Дебар и Глобочица кај Струга, коишто го сочинуваат Црнодримскиот слив, лани забележале рекордно производство на електрична енергија.
Работилница за претставување на резултатите од проектот Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија, се одржува денеска во Домот на АРМ во Струмица.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, во декември 2015 година, е за 0,3 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на декември 2014 година е зголемен за 8 процентни поени.
На планинските туристи во Маврово треба да им се понудат подобро одржувани и означени патеки, како и подобри услуги од обучени и локални водичи.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември 2015 година се пониски за 0,2% на месечно ниво, а 5,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индексот на цените во земјоделството во декември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3,2%, а кај аутпутот е зголемен за 1,7%.
Прометот во индустријата во ноември минатата година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 10,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во ноември минатата година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 13,2% повеќе во однос на истиот месец претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) вчера спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%.
Даночната академија на Управата за јавни приходи (УЈП) упатува повик за еднодневна обука за теми од актуелни настани коишто се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект за даночното работење.
Ликвидноста на банките во декември се задржа на релативно стабилно и високо ниво, беше истакнато на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија.
Италијанската градежна компанија Кондоте инвестира 19 милиони евра во изградба на четири мали хидроелектрани во Македонија.
Проектот има за цел да ги подобри транспарентноста, финансиската оддржливост и инклузивноста во обезбедувањето на општинските услуги во целата земја.
Групацијата БРГ во рестартираната поранешна фабрика Порцеланка ќе изработува производи од челик и кујнски прибор од не’рѓосувачки челик.
Меморандум за соработка за техничка поддршка во врска со Програмата за одржлив и инклузивен регионален економски развој во Република Македонија беше потпишан денеска во Скопје.
Бројот на туристите во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, е зголемен за 14,6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16,5%.
Компаниите со мала инвестиција во систем за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија може да заштедат 5% до 10% од потребната енергија на годишно ниво.
Изучувањето на науката за храна преку Институтот за кулинарски уметности, како што се наведува, ќе се одвива во комбинирана програма која обединува практично и теоретско учење поделено во девет месеци, односно шест месеци учење и три месеци пракса.
По повод новогодишните и божиќните празници, компанијата Жито Лукс ја реализираше и својата прва донација оваа година, која ја намени во јавната кујна во Велес.
Учеството на трошоците за заштита на животната средина во бруто домашниот производ (БДП) во 2014 изнесува 1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трошоците на живот во декември 2015 година, во однос на претходниот месец се намалени за 0,1%, додека цените на мало бележат зголемување од 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Фондацијата Тиквешки вински пат изработи туристички пакети за дојдовен туризам заедно со Асоцијацијата на туристички агенции што се занимаваат со привлекување на дојдовни туристи.











