Традиционалната зимска претстава во која играа околу 300 ученици, беше изведена во МОБ. Во холот се продаваа и божиќни декорации, а собраните сретства ќе бидат наменети за СОС детското село.
Делфај ќе инвестира во индустриската зона Бунарџик. Се очекува трансакцијата да се комплетира во јануари 2016, а почетокот на производствените активности во втората половина од 2016 година.
Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во третото тримесечје изнесува 3,5%, покажуваат проценетите податоци на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристи во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,7%, додека бројот на ноќевања е помал за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Тие ќе се градат на потегот меѓу двете постоечки демиркаписки винарски визби.
Целта на проектот е да ги охрабри младите да ги користат дигиталните алатки во насока на себеусовршување и градење на позитивни промени во општеството преку нивна употреба.
Овој кластер ќе се стреми кон максимално искористување на потенцијалите со кои располага Тиквешкиот регион за развој на туризмот и на локалната економија.
Во просториите на ЕУ инфо центарот вчера официјално беше промовиран проектот Испорака на опрема за платформата за интероперабилност во Министерството за информатичко општество и администрација.
Целта на овој петгодишен проект од 4,8 милиони американски долари беше да се зајакне македонската економија преку поголеми инвестиции во приватниот сектор и зголемен извоз на македонските производи.
Стапката на невработеност, во третото тримесечје од оваа година, е 25,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Рамсторе Македонија подари 100 новогодишни пакетчиња и 50 шалчиња и капчиња за децата од Центарот.
Во октомври оваа година се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Воспоставување на систем за мирно решавање на работни спорови е една од трите компоненти на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, чија цел е обезбедување техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјалниот дијалог.
Водечката организација која ги застапува интересите на работодавачите и се грижи за нивните права и слободи во економската и социјалната сфера во земјата, одбележа една деценија од нејзиното основање.
За сите авто такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до крајот на следната година.
Двојно се зголемени брзината и времето на одѕив на системите на Катастарот со направената надградба на хардверската инфраструктура и воспоставената т.н Клауд платформа во оваа институција.
НБРМ неодамна донесе измени во подзаконската регулатива од областа на евиденцијата и известувањето за кредитните работи склучени со нерезиденти, коишто пред сѐ се однесуваат на олеснување на постапката на известувањето.
Од денеска тутунот се откупува во Алијанса од Кавадарци и Струмица табак, а од понеделникот вратите на пунктовите ги отворија и Сокотаб од Битола и Прилепскиот тутунски комбинат.
Почнувајќи од петокот во попладневните часови, па до денеска, субвенции за одржување на лозови насади добија околу 2.500 лозаропроизводители од општините Неготино и Демир Капијa.
Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе ги презентира последните извештаи за резултатите и проекциите за развој на македонската економија.
Во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик Скопје 1 денеска почна со работа фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња Арц Аутомотив Македонија, инвестиција на американската компанија Кап Кон во износ од 18 милиони евра.
Трошоците на живот и цените на мало во ноември, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во третото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, се пониски за 2,4%.
Електронскиот шалтер, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија денеска и утре нема да примаат барања и да издаваат податоци.