Цените на угостителските услуги во ноември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит во период од јануари до октомври оваа година, достигна 1.370.746.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Македонската навигација М - НАВ стана дел од Gate one - Асоцијација на провајдери на воздухопловна навигација.
Највисока стапка на слободни работни места во третото тримесечје од оваа година, има во секторот Градежништво и изнесува 2,69%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
“За детската среќа не треба многу. Стоплете нечие срце, чувството е прекрасно“, порачуваат од Рамстор.
Ова е најсовремена фабрика во Македонија којашто работи според регулативите на Европската унија за преработка на ориз. Во фаза на финализација се договори за извоз на македонскиот ориз во Србија, Косово, Албанија и Турција.
Потребата од формирањето на Постојаниот избран суд Арбитража, се наметна како резултат на пазарната економија и современите трендови на бизнисот.
Европскиот волонтерски сервис е дел од Еразмус плус програмата што ја организира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Прва конференција за нови безжични технологии Next generation wireless која ќе се одржи на 5 декември 2015 г. со почеток од 10:00 часот во просториите на Сеавус Инкубаторот во Скопје.
Количините за извоз на замрзнато јагнешко месо во Кина допрва ќе се договара, а рано е да се зборува и за цените.
Во фабриката ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како Бентли, Рено, БМВ, Порше, Фиат и други.
Даночната академија на Управата за јавни приходи, во период од втори до 24 декември, организира обука за регистрација и паушално оданочување на земјоделците.
Во рок од шест месеци ќе треба да се реализира нов регионален состанок на кој ќе се официјализира регионалната асоцијација.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5,1%, а реално за 5,4%).
Бројот на работниците во индустријата во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е зголемен за 2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Поради надградба на електронскиот систем на Катастарот, утре (1 декември) и в понеделник следната недела (7 декември), нема да се примаат барања и да се издаваат податоци преку електронскиот шалтер, шалтерите во скопскиот Центар за катастар на недвижност и во одделенијата за катастар на недвижности низ државата.
Количеството на превезената стока во железничкиот превоз е намалено за 47,2%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 45,1% во третото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период лани.
Индустриското производство во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е зголемено за 13,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во организација на Министерството за економија денеска се одржува третата манифестација за прогласување на најдобрите пет бизнис плана во рамки на Проектот - Организирање на бизнис натпревар Биди перспективен, започни свој бизнис.
За граѓаните кои ќе се вклучат во оваа акција ќе бидат обезбедени вредносни ваучери од Техномаркет.
Базата на Македоника ја сочинуваат 36.000 регистрирани читатели на книги и преку 600 објавени бесплатни е - книги од сите жанрови и категории.
Продажните цени на производители на индустриски производи на домашниот пазар, во октомври оваа година, се пониски за 0,1% на месечно и 4,4% на годишно ниво.
Најголемо учество во бруто домашниот производ на Република Македонија во 2013 година има Скопскиот регион со 42,6%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5,3%.
Овој викенд во Рамстор, како последен од среќните шопинг викенди исполнети со забава и големи попусти, ќе биде посветен на најмалите.