Новости

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 47 денари за литар.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат: зголемени трошоци за материјали со 22,9%, нема побарувачка со 16%, нема ограничувања со 15,1% и зголемени финансиски трошоци со 11,3%.
Електраната во форма на панда со целосниот капацитет ќе може да обезбеди 3,2 милијарди kWh електрична енергија за 25 години, што ќе значи заштеда на скоро една милијарда тони јаглен.
Вкупната купопродажна цена што Пелагонија ќе ја плати за да стекне 100% од основната главнина на Здравје Радово е 12.630.000 евра.
Комерцијална банка АД Скопје е избрана да ја добие наградата на Комерцбанк за STP (системска обработка на плаќања) за 2016 година за одличен квалитет при извршување на плаќања и финансиски трансфери.
ТТК Банка ги информира своите клиенти дека во текот на летниот период, од први јули до 31-ви август оваа година, дел од експозитурите ќе имаат изменет режим на работно време.
Овој српски старт – ап произведува органски производи што содржат сиров мед во комбинација со овошје и органски состојки како што се какао и ѓумбир.
Во мај оваа година се издадени 241 одобрение за градење што е за 17,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
KakeMi е иновативен десерт што за само 90 секунди е готов во микробранова печка. Сè што треба да направи корисникот е да додаде вода и да го стави десертот во микробранова печка.
При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната.
Патниците на меѓународниот аеродром во Сараево ќе може својот лет сами да го пријават преку поставените автомати.
Трошоците на животот во јуни 2017 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,3%, а кај цените на мало порастот е 0,5%.
Филмот Аватар 2, којшто е во подготовка, ќе содржи најсовремена технологија што на публиката ќе и овозможи да доживеат 3D искуство без употреба на очила.
Програмерите на видео игри од Македонија се поканети да бидат учесници на првата конференција за програмери на видео игри од Источна Европа - DevPlay 2017.
Прва компанија што се стекна со правото на истакнување на основниот MAMFORCE Standard во Македонија е телекомуникациската компанија Вип.
Цената на Kado изнесува 39 долари, односно 44 долари за пакет којшто вклучува додаток што овозможува лесно мотање на каблите на телефонот.
Првите два пилот проекти на кои ќе работи Центарот за иновации се справувањето со загадувањето на воздухот и справувањето со отпадот.
BBC инвестира во овој нов проект откако од нивниот годишен извештај заклучиле дека YouTube станал најомилениот бренд на 70% од децата на возраст помеѓу шест и 12 години.
Паметниот паричник има вградено камера и кога е изгубен ги фотографира сите кои се наоѓаат во негова непосредна близина.
Загубата во работењето на компанијата во 2016 година, според одлуката, ќе се покрие со идната добивка предвидена за 2017 година.
Комората на стечајни управници на Република Македонија со свечена академија го одбележа 10-годишниот јубилеј.
Лесно и брзо се монтираат, а за да бидат стабилни ја користат тежината на водата од којашто треба да се одбранат.
Компаниите заедно ќе работат на оптички решенија за поврзување на центрите за податоци, виртуелна реалност и вештачка интелигенција.
Во рамки на ООУ 11-ти Октомври наскоро ќе почне да работи Дневен центар наменет за деца заболени од церебрална парализа во којшто ќе биде обезбедено згрижување за 40-тина деца на различна возраст од целата држава.