Најголемиот производител на автомобили во Јапонија, Тојота, најави дека ќе повлече 2,77 милиони автомобили од пазарот, поради проблеми со водната пумпа и управувањето.
Преку три четвртини од потенцијалните претприемачи кои би започнале сопствен бизнис, би инвестирале во него до 15.000 евра. Истражувањето покажа дека 31% од луѓето коишто сакаат да започнат сопствен бизнис го избираат ИТ секторот, затоа што средствата за стартување на ваков бизнис се помали.
Лондон ја изгуби светската лидерска позиција на најголем финансиски центар, препуштајќи му го првото место на Њујорк. Прогнозите говорат дека оваа титула до 2016 година ќе ја презеде Хонг Конг.
Владата на Република Словенија се очекува да донира 700. 000 евра грант средства преку меѓународниот центар за соработка.
Skype излезе со уште една новина на пазарот. Имено станува збор за Skype in the workspace платформа со која малите компании ќе можат беплатно да се поврзат со клиентите, партнерите и добавувачите.
Западните банки повлекуваат пари од земјите од средна, источна и југоисточна Европа, при што темпото во второто тримесечје е благо забрзано, констатира групата меѓународни кредитори и регулатори.
Со последните усвоени измени на Законот за персонален данок, Владата на Република Македонија го продолжи рокот за неоданочување на приходите на камата на штедните влогови.
Акционерите на најголемите словенечки банки ќе одлучуваат кон средината на декември за издавање нови акции и докапитализација, за банките да го доведат својот капитал во согласност со барањата на европската регулаторна агенција.
Македонски Телеком A.Д. Скопје заедно со Министерството за образование и наука, започна постапка за набавка на интерактивни електронски табли кои ќе бидат наменети за повеќе училишта ширум државава.
Министрите за финансии на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд вчера јавно се конфронтираа околу продолжувањето на рокот на Грција за да ја среди состојбата во јавните финансии
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на МАРНЕТ Сашо Димитријоски, по денешната средба најавија дека постапката за регистрирање домени ќе биде олесната преку воведување систем на регистрари кои ќе овозможат либерализација на пазарот.
Во изминатите неколку години, онлајн рекламирањето го прерасна рекламирањето во весниците и магазините и стана втор најголем медиум за реклами после телевизиите.
На својата 73-тат седница Комисијата за хартии од вредност трајно и ја одзеде дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид, поточно на Одделот за работа со хартии од вредност.
Стивен Синофски, шеф на одделот Windows на Мајкрософт, ја шокираше јавноста и си замина од компанијата само неколку недели по претставувањето на Windows 8.
Србија мора да најде решение кое ќе и овозможи да стане дел од Светската трговска организација (СТО), вели српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ и додава дека земјата мора да ја задржи заштитата во поглед на промет со генетски модифицирани организми (ГМО).
Откако пред банкарските извршители дојде и до второ самоубиство на должник за само неколку дена, шпанската влада во соработка со опозицијата донесе мерки со кои на банките им се забранува од запленетите куќи да ги исфрлаат оние што не можат да ги извршат своите обврски.
Сите посетители на Автобуската станица во Скопје од денеска ќе имаат пристап до квалитетна, безбедна и брза врска за безжичен интернет.
Во народната кујна во населбата Кисела вода, денеска ќе биде одржана прес конференција по повод донација за народните кујни од страна на Државна Лотарија на Македонија и Медиа Принт Македонија.
Групацијата Volkswagen ја лансираше својата најнова интернационална маркетинг кампања Оnething за светската премиера на новиот Golf 7.
Јапонската економија изминатиот квартал бележи пад во активноста за прв пат од минатата година, притисната од слабеењето на економските активности ширум светот и напнатоста во односите со Кина и на добар пат е да падне во рецесија.
Државниот завод за статистика излезе со податоци за вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2012 година.
Творците на познатиот крем Nutella изјавија дека нема да го променат рецептот дури и ако Франција, нејзиниот најголем пазар, го прифати предлогот да го зголеми за четири пати данокот за главната состојка, палмовото масло.
Телеком Словенија доби 3,2 милиони евра од европските фондови за проектот eBadge, чија цел е воспоставување меѓународна паметна електроенергетска мрежа, Смарт грид, со акцент на услугите понуда и побарувачка.
Австриската Hypo bank не очекува нејзината мрежа на Балканот да ја купи друга австриска банка, туку тоа да го направат меѓународни инвеститори.