Активата на банкарскиот систем, во вториот квартал од 2016 година, забележа пад од 1,5%, беше истакнато на седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија.
Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат местото на живеење или седиште на компанијата, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации.
Растот во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од 2% во 2016 година, под влијание на намалувањето на инвестициите, меѓутоа потоа постепено ќе закрепне и ќе достигне 3,3% во 2017 година односно 3,7% во 2018 година.
Во соработка со Хабитат кредитната линија, Штедилница Можности пласира кредити за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија.
Македонска берза организира уште еден отворен ден што ќе се одржи на петти октомври (среда) со почеток од 11 часот.
Вкупните депозити во август остварија раст од 2,5%, додека вкупните кредити во истиот период останаа непроменети, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јули изнесува 22.334 денари, додека во бруто износ е 32.837 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со изработката на овие два филма, Народната банка заокружува уште една програмска активност во доменот на финансиската едукација.
Даночните услуги во скопските општини Илинден и Гази Баба ќе бидат достапни преку мобилните даночни шалтери, наместо како досега преку постојаните даночни канцеларии во општинските згради.
Се укинува суспендирањето од котација на акциите издадени од Топлификација и истите се враќаат на котација на подсегментот Берзанска котација на Официјалниот пазар на берзата, почнувајќи од 20-ти септември.
НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за Overdraft – дозволено пречекорување на сметка на правните лица, стои во соопштението.
Првичните податоци за август покажуваат раст на депозитите на населението, а голем придонес кон растот на вкупната депозитна база имаат депозитите на корпоративниот сектор.
НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Виолетовите потрошувачки кредити за физички лица, за Ризико виолетов и Промотивниот виолетов потрошувачки кредити со повеќе поволности до седми октомври оваа година.
Министерството за финансии нема да ја одржи аукцијата на државни записи, којашто беше предвидена за денеска.
На листата се наоѓаат физички и правни лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Вкупните девизни резерви на крајот на август имаа салдо од 2.676.600.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Меѓународното двојно оданочување може да се избегне или да се ублажи со еднострани мерки или билатерални договори.
За инвеститорите во хартии од вредност минатиот месец најатрактивни им беа акциите на Макпетрол, Комерцијална банка и Алкалоид, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до јули оваа година, достигна вредност од 993.463.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
УЈП ги повикува обврзниците кои должат радиодифузна такса најдоцна до 13-ти септември оваа година, да ги подигнат Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса во просториите на УЈП.
Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат своето место на живеење или седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери.
Стопанска банка Битола првото полугодие од 2016-та го заврши со загуба од 21.235.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Околу 33% од анкетираните ќе преговараат додека не ја договорат очекуваната сума, а доколку не успеат да се договорат, нема да ја прифатат работата. Тоа се главно испитаници кои веќе имаат работа и подготвени се да најдат нова за повисока плата.
Друштвото за градежништво Бетон од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 45.493.000 денари.