Во септември оваа година се издадени 316 одобренија за градење, што е за 19,7% повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Целта на работилницата е зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, како и поттикнување на претприемачката култура и развој на малите и средни претпријатија.
Трошоците на животот во октомври 2015 година, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, а кај цените на мало има намалување од 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Турската национална новинска агенција Анадолија денеска во Скопје ќе ја промовира редакцијата на македонски јазик.
Вкупните девизни резерви на крајот на октомври достигнаа ниво од 2.188.000.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Студентската екипа од Факултетот за електротехника и информациски технологии ја потврди титулата Балкански шампиони со победата на деветиот натпревар Хардвер и софтвер, кој се одржа во рамки на меѓународната конференција Енергетска електроника и Индустриска електроника.
Понудата за преземање на акции од Друштвото за производство и трговија Пелистерка АД Скопје што ја даде Трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија Цип Продукт Скопје се утврди за успешна.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари септември 2015 година, изнесува 1.213.548.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, останаа на исто ниво, покажуваа податоците на Државниот завод за статистика.
Народната банка на Република Македонија ги издаде и пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели Александар, Ана, Димитар и Елена од серијата Ден на Ангел.
Борден изјавил дека со задоволство ќе ја разгледа можноста во 2016 година да дојде во Македонија и во неговото телевизиско шоу за патување и храна на CNN – Anthony Bourdain: Parts Unknown, да ја претстави нашата земја.
Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ), во соработка со Народната банка на Република Македонија (НБРМ), изготви брошура за ризиците при земањето станбени кредити.
Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално.
Совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија денеска во Софија потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за јавен надзор над овластените ревизори на Бугарија.
Агенцијата за катастар на недвижности денеска ја организира завршната конференција за проектот Катастар на недвижности и регистрација од Светска банка.
Целта на конференцијата е да се истакне виталното значење на малите и средни претпријатија за успешноста на економијата на една земја и нејзиниот регионален развој.
Групацијата на лифтови во рамки на Здружението на метална и електроиндустрија при Стопанската комора на Македонија (СКМ) бара пролонгирање на обврската за поставување заштита од неконтролирани движења во лифтовите.
Претставници од девет винарии од Македонија денеска во Амстердам одржуваат бизнис средби со увозни компании од Хорека, како и новинари од Холандија, дел од промотивните настани за македонско вино што ги организира Здружението Вина од Македонија.
Сојузот на синдикати на Македонија со пакет активни мерки започнува кампања против непријавената работа.
Депресија е главната тема за месецот на машко здравје Моември, кој ќе се одбележи по четврти пат во Македонија од стана на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните ПРЕВЕНТУС Скопје.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса истите да ги платат во најкраток можен рок.
Бројот на работници во индустријата во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во трговијата на мало, во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 21%, реално за 1%).
Во четирите фестивалски денови на Анимакс Скопје Фест ќе бидат прикажани 40 краткометражни филмови и 7 филмови за деца во официјална конкуренција, избрани од пријавените рекордни 427 анимации од 56 земји во светот.