Здружението на бизнис жени денеска со пригоден настан го одбележува Денот на женското претприемништво.
Македонската конзервна индустрија годинава бележи рекордно производство, со квалитетни производи, но треба да ја подобри технолошката опременост.
Во последните години постои светски тренд на пораст на бројот на предвремено родени деца кој е последица на современиот начин на живот, поместувањето на старосната граница кај мајките и на примената на ин витро оплодувањето.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2015 година е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на претходното тримесечје.
Прометот во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје е зголемен за 0,1 процентен поен во однос на претходното тримесечје.
Цените во земјоделството во октомври 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 5,3%, а кај аутпутот се намалени за 2,8%.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 20,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Министерството за локална самоуправа денеска ќе ги додели наградите на најиновативните проекти за регионален развој кои се доставени од осумте центри за развој на планските региони.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во период од јануари до септември оваа година, изнесува 3.286.333.000 денари, што е за 53,3% помалку во однос на истиот период лани.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември оваа година, на месечно ниво се пониски за 0,6%, додека на годишно ниво се поголеми за 5,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус во соработка со центарот за коса 101 Hair Clinic како дел од кампањата Моември, во сабота, 14 ноември, од 13 часот во т.ц. City Mall организираат бесплатни прегледи за коса за мажите.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) очекува понатамошно зголемување на склоноста кон задолжување, односно раст на побарувачката на кредити.
Лајонс Клуб Вардар и Лео клубот Аксиос организираат хуманитарна забава во рамки на одбележување на месецот за борба против дијабетесот.
Берзата ја посетија стотина ученици од средното економско училиште Васил Антевски Дрен, кои покрај презентацијата на нејзината историја и начинот на функционирање го проследија и тргувањето во живо и беа сведоци на берзанските трансакции.
Славко Пројкоски, главен финансиски менаџер на Македонски Телеком АД - Скопје, е новиот претседател на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија).
Скулптурите што ќе се изработуваат во рамките на овој проект ќе бидат дел од годишната изложба што ФЛУ ја подготвува секоја година во мај, по што ќе бидат изложени на јавен простор.
Бројот на туристи во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 20%, додека бројот ноќевањае поголем за 17,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Акцијата Среќен Петок 13-ти во Техномаркет ќе започне во петок, на 13-ти ноември, а ќе трае низ целиот викенд.
Согласно новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, моторните возила и мобилните машини, кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
Економската активност и понатаму расте со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки беше истакнато на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ.
Најголем број од апликациите се од делот на информатичките технологии, но има проекти и од земјоделството, градежништвото, прехранбената индустрија...
Веб страницата СЕЕ Линк ќе биде централното место преку коешто инвеститорите ќе можат да ги следат движењата на цените, индексите и другите информации значајни за донесување на одлука за инвестирање во хартии од вредност коишто се тргувани преку СЕЕ Линк платформата.
Кампањата „Храна подарена од срце“ е одговор на потребата од донации на основниот прехранбен продукт за социјалните институции и установи. Интернатот за деца од социјално загрозени семејства Гоце Делчев во село Љубанци е една од Институциите кои се дел од оваа кампања.