Во моментот во Тораница се ангажирани 210 работници, инженери, стручни лица и рудари, а најавено е зголемување на оваа бројка.
Стапката на слободни работни места, во третото тримесечје од оваа година, изнесува 1,27%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
По повод светскиот ден на лицата со пречки во развојот, хуманитарната компанија Рековинст и Здружението на лица со церебрална парализа, утре, 03.12.2016 година со почеток во 16 часот, организираат хуманитарна забава во кафе Casa во Велес.
Директна авиолинија од Скопје до Цирих, со швајцарската авиокомпанија Германија флуг АГ, ќе биде воспоставена од 17-ти овој месец.
Сите заинтересирани ќе имаат можност да ги тестираат новите Shield Pack модели во петок, 02.12.2016, во ТЦ Рамстор во Скопје.
Прометот во трговијата на мало во октомври оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Каматните стапки на вкупните кредити и вкупните депозити, во октомври оваа година во однос на претходниот месец, се на ниво од 6,3% и 1,8% соодветно.
InnovFin се состои од серија на интегрирани и дополнителни алатки за финансирање и советодавни услуги понудени од страна на ЕИБ групата, со цел поддршка на инвестиции од најмалите до најголемите компании.
За време на саемот остварени се состаноци со тур оператори и компании кои бараат нови дестинации за одржување конференции, семинари и други тип настани.
Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со новите подзаконски акти, коишто го регулираат известувањето од доменот на платежната статистика, почнувајќи од јануари 2016 година, во значителна мера се постигна усогласеност на податоците со барањата од Регулативата за платежната статистика.
Моември Македонија ги повикува сите “мустактивисти“ да присуствуваат на забавата во Капитол Мол каде ќе ја имаат можноста да си ги “покажат” мустаќите, да донираат и да бидат информирани за предизвиците врз здравјето со кои се соочуваат мажите.
Индустриското производство во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 3,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Отворањето на изложбата е на 1.12.2016 година (четврток), со почеток во 19 часот, во Галеријата ФЛУ при Педагошката академија во Скопје.
Софтверската компанија Сеавус, во рамки на својата талент програма успешно заврши уште еден тренинг за IT OSE со цел регрутирање на млади, талентирани и амбициозни инженери.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во октомври оваа година, се пониски за 0,1% на месечно ниво и за 0,2% на годишно ниво.
Рековинст соработува со многу хуманитарни организации, како што е СОС Детското село и досега донира таму каде што е најпотребно.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти во септември изнесува: 541 800 МWh електрична енергија, 18.265 мил.нм3 природен гас, 385.272 тони јаглен и 112.029 тони нафтени продукти.
Македонскиот тим составен од студенти на Правниот факултет Јустинијан Први од Скопје се избори за учество во финалето на Big Deal натпреварот, на којшто учествуваа вкупно шест тима од правните факултети од земји во регионот.
Скопскиот регион, со 42,8%, има најголемо учество во бруто домашниот производ на Македонија во 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од 15-ти овој месец, четири откупувачи на тутун, заклучно со вчера, преземаа 1.582 тони од овогодишната реколта.
Во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со третото тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 72%.
На шестото издание на меѓународниот филмски фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест ќе бидат прикажани 50 анимирани филмови во официјалната програма, од кои осум се наменети за детската публика.
На работилницата учествуваат претставници на даночни управи од 10 земји членки на ИОТА организацијата со 34 учесници, а свои стручни предавања ќе одржат висококвалификувани лица во делот на форензиката.











