Платформата им дава можност на граѓаните да пријават проблеми во нивните заедници, да предложат можни решенија, но и да се придружат на веќе постоечки граѓански акции.
Оваа награда се доделува веќе 45 години во 10 категории на поединци, организации и компании за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот во главниот град.
Кроасаните 4U може да се најдат во Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и во Италија, а достапни се и низ поголемите маркети во земјава.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016 се издадени 297 одобренија за градење, што е за 6,0% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Бројот на туристите во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 6,1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7,0%.
Саемот се одвива од 11-ти до 13-ти ноември, а влезот е слободен за сите посетители.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,5 процентни поени.
Донација на парични средства и крводарителска акција беа активности на вработените во ОКТА како поддршка на кампања за борба против гладот Помислете на нас, организирана од страна на Црвениот крст на Град Скопје.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2016 година, во однос на третото тримесечје од 2015 година, е зголемено за 1,7%.
На кредитниот сектор во октомври се забележува благо месечно намалување на кредитната активност, беше истакнато на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ.
Винодонија 2016 е првиот вински настан од едукативен карактер во Македонија, којшто има за цел подигнување на винската култура во земјава и развој на нашиот винскиот регион.
Виталиа започна со производство на нова линија на производи без додаден шеќер и воедно започна со намалување на шеќерот во својот асортиман.
Издавачката куќа Култура, од 7 до 17 ноември го организира традиционалниот Ноемвриски саем.
Стартапите, кои поминаа низ пред - акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор, ги презентираа своите бизнис идеи пред инвеститори, бизнис ангели, фондови на ризичен капитал, технолошки развој и иновација.
Средствата што ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во СОС Детското село, кое воедно годинава одбележува 15 години постоење и успешна работа.
Агенцијата за комуникациски менаџмент и односи со јавност Имиџ ПР ја доби високата награда за комуникацискиот проект Енергетска математика од Интернационалната асоцијација за односи со јавност – IPRA (The International Public Relations Association).
По 1000 години, група креативци се собраа да го ресоздадат фонтот на Битолскиот натпис, односно да го креираат од денешна перспектива.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,2 процентни поени.
Трошоците на живот во октомври, во однос на претходниот месец, се непроменети, додека кај цените на мало има намалување од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Деветтото издание на Скопје постер фестивал ќе се организира од 21 до 30 ноевмри 2016 година во Музеј на Град Скопје. Во првите три дена од Фестивалот ќе се организираат и тематски работилници.
Професори и студенти од техничките факултети, од земјава и од странство, ќе ги презентираат своите најнови истражувања и ќе понудат решенија за актуелни проблеми.
Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит, од јануари до септември оваа година, достигна 1.270.533.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најновата оцена за економскиот раст во 2016 година изнесува 2,3%, со инфлација од 0%, беше истакнато на седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија, на којашто беше разгледан Кварталниот извештај за третиот квартал.











