Во организација на Унгарската национална трговска комора во Македонија, а во соработка со Општина Велес, денеска во Велес се одржа средба со бизнисмените од велешкиот регион, а на која присуствуваше и унгарскиот амбасадор во Македонија Јосеф Бенце.
Трговскиот дефицит во првите два месеца од 2016 година достигна 196.165.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во март оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Соња Ѓелова – Стојанова и претседателот на Хрватскиот комитет за јавен надзор на ревизијата Жељко Фабер во Загреб потпишаа Меморандум за соработка.
За консолидација на земјоделското земјиште, Македонија преку ИПА Програмата 2015 - 2017 година има на располагање пет милиони евра.
Триста црвени и жолти рози засадија членовите на Лајонс клуб Вардар во кампусот на техничките факултети при Универзитет Св. Кирил и Методиј.
Саемот ќе биде отворен на 04.04.2016 (понеделник) со почеток во 11 часот во Амфитеаторот на ФЕИТ.
Индустриското производство во февруари, во однос на истиот период претходната година, е зголемено за 15,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
ЕВН повторно одлучи да ја демонстрира својата посветеност и одговорност кон лојалните корисници, насочувајќи ги своите ресурси во Наградна игра со којашто ќе ги препознае, поттикне, мотивира и награди своите корисници, ќе промовира позитивни промени и унапредување на добрите практики.
Со овој сертификат, учесниците на курсот добиваат вештини во подрачјето на енергетската ефикасност и интегрирањето на обновливите извори на енергија во реновирање на постојните згради.
Мопедите се во препознатливата жолта боја, на коишто странично ќе бидат поставени сандачиња за багаж, со што ќе се овозможи пренесување на пратки со максимална тежина до 30 килограми по сандаче.
Најголемо количество отпад (1.638.238 тони) е создадено во секторот Преработувачка индустрија. Вкупното количество на создаден опасен отпад изнесува 39.337 тони. Најголемо количество на опасен отпад e создадено во секторот Преработувачка индустрија, 37.126 тони.
Во Телеком иновативниот центар на втори и трети април ќе се одржи настан којшто вклучува предавања за начинот на правење на игри, а ќе се организира и специјално издание на Хартсоун турнир.
На конферецијата свои научни трудови пријавија 543 научници од 13 земји од Европа. Оваа конференција е најголемата научна конференција посветена на животната средина во Република Македонија и пошироко.
Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2015 година изнесува 361.072.000 литри што е за 6,7% помалку во однос на 2014 година.
Во трговијата на мало во февруари, во однос на истиот период лани, е забележано зголемување на прометот во повеќе групи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014, вкупниот број на говеда е зголемен за 4,9%.
Настанот ќе се одржи на 7 април во хотел Стоун Бриџ во Скопје, со почеток од 15:00 часот и е од отворен карактер за сите компании од ИКТ индустријата.
Њуменс бизнис акцелератор, македонско - американската компанија, е организатор на натпреварот во Македонија и по четврти пат го прави овој уникатен настан достапен и за македонските учесници.
Македонска берза денеска ќе ја одржи годишната конференција, на којашто ќе биде пуштена во употреба регионалната платформа за тргување СЕЕ Линк.
Генералниот директор на винарската визба Тиквеш, Игор Илиевски учествуваше на пролетниот Вивалди форум за генерални директори, којшто традиционално седма година по ред, го организира престижната школа за менаџмент во Мокра Гора, Србија
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари оваа година се пониски за 0,1% на месечно ниво, односно за 0,7% на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014, земјоделските површини се зголемени за 0,1%.