По два денара од ноќевање ќе плаќаат хотелите за пуштање музика од домашни и странски изведувачи, додека угостителските објекти, зависно од површината на локалот, максимум 270 денари.
Трошоците на живот во јуни оваа година во однос на претходниот месец бележат намалување од 0,2%, додека цените на мало во истиот период се намалиле за 0,4%.
Проектот предвидува државните службеници во 21 државна институција преку унифициран систем електронски да ги креираат и управуваат сите видови документи.
Компанијата Сее Линк ДОО Скопје денеска во Скопје ќе потпише договор за грант со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на овој регионален проект.
Попладне е можна појава на изолирана нестабилност. Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.
Народната банка на Република Македонија во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, ја организира Седмата конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност.
Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво.
Трговскиот дефицит во период од јануари до мај оваа година изнесува 1.030.410.000 долари.
Македонија е прва земја во регионот која донесе посебен Закон за земјоделски задруги и целосно ги измени и комплетира потребните правилници за негово полесно спроведување.
Ветерот ќе достигне брзина и до 30 километри на час. Максималните дневни температури ќе се движат од 22 до 32 степени.
На патниот правец Гостивар-Охрид од 1 јули 2014 на сила стапува ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони.
Советот на Народната банка на Република Македонија констатираше задржување на финансиската стабилност и во 2013 година.
Министерството за финансии исплати 93,5 милиони денари субвенции за презимено пчелно семејство на 2.632 пчелари.
Општина Пехчево ќе добие сто илјади долари од USAID како прва општина во Македонија што има усвоено Стратегија за климатските промени, за да стане 100% енергетски ефикасна општина.
Грчката компанија Public power corporation PCC е единствената што аплицираше на тендерот за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектричните централи на Црна река.
Од 10 до 13 денари и повеќе ќе изнесува откупната цена на пченицата зависно од хектолитарската тежина, договорија мелничарите и производителите.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер.
Патен правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Министерството за финансии во исплати 100,7 милиони денари (1,63 милиони евра) на 4.583 земјоделци по основ субвенции за обележани грла говеда и обработена површина за градинарско производство.
На 30 јуни оваа година успешно заврши првиот циклус од наградната игра што се организираше во рамките на едукативниот портал на Македонската берза Виртуелна берза.
Проектот на USAID за експанзија на мали бизниси објави дека ја проширување на иницијативата Да одгледуваме повеќе пченка во Пелагонија
Хармонизација на законодавството и градење на капацитетите во областа на заштитата на потрошувачите е нов проект што го започнува Министерството за економија.
Осум македонски компании деновиве во Њујорк го претставуваат домашниот преработувачки сектор на еден од најзначајните интернационални саеми за храна во светот Fancy food.
Максималните дневни температури ќе се движат од 23 до 33 степени. УВ индексот ќе биде со вредност 8.











