Марко Ќаласан, од репрезентацијата на Македонија, освои сребрен медал, додека Јосиф Тепеѓозов, Андреј Величковски, Даријан Шеќеров, Филип Шијаков и Мила Ќосева освоија бронзени медали. Најуспешен учесник на олимпијадата беше Молдавецот Габриел Којокару.
Фондот за иновации и технолошки развој, во петок на 23 септември 2016 година со почеток во 11:00, на Технолошко Металуршки Факултет Скопје - Амфитетар ФИНКИ ја организира првата од серијата инфо сесии за процесот на аплицирање за натпреварите Скопски автобуски хакатон и Паметна автобуска постојка.
МЕПСО ја спроведе постапката за пристапување кон SEE CAO, регионалната компанија што е формирана од страна на осум оператори на електроенергетски системи од регионот со задача да организира аукции за закуп на прекугранични капацитети за пренос на електрична енергија.
Дваесет македонски производи од денеска до 26-ти септември ќе учествуваат на најголемиот меѓународен саем за храна Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 во италијанскиот град Торино.
Вкупните депозити во август остварија раст од 2,5%, додека вкупните кредити во истиот период останаа непроменети, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Југоисточниот регион учествува со 30,5%, потоа следи Пелагонискиот со 20,5%, додека најмало учество има Североисточниот регион со 3,4%.
Детално беа презентирани и резултатите од спроведувањето на програмите за мониторинг на безбедноста на храната и резултатите од мониторирањето на органските производи.
Со изработката на овие два филма, Народната банка заокружува уште една програмска активност во доменот на финансиската едукација.
Пораката од овој Конгрес ќе биде дека преку социјалниот дијалог мора да се договори повисока минимална плата.
Проектот Сподели возило има почетна цел да го истражи јавното мислење за превоз со заедничко возило.
Здружението на бизнис жени од Македонија денеска беше домаќин на претставнички од Здружението на жени претприемачки од Босна и Херцеговина, во рамки на активностите за градење меѓународна соработка и јакнење на женското претприемништво во ЈИЕ.
Компанијата One contact, како што се наведува, е специјализирана во онлајн процесирање на податоци и други дигитални сервисни услуги.
Димитров ги повика сите организации кои дејствуваат на полето на младите да аплицираат со своите предлог проекти најдоцна до 4-ти октомври 2016 година.
Овој пат, низ патеките ќе се постават и дрвени табли со слоганот на оваа акција В џеб, ако нема каде друго.
Оваа адаптивна мерка помага заедницата во Боговиње да ги намали растечките притисоци врз водните ресурси, како директна последица од климатските промени. За граѓаните на овој регион, штедењето вода е една од клучните мерки за адаптација кон климатските промени.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јули оваа година, се пониски за 0,7% на месечно ниво, а за 3,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Балкан Енерџи го продолжи рокот за пријавување за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија, којшто со новата одлука ќе трае до 30-ти септември.
Цените во земјоделството во август оваа година, во однос на истиот месец лани, и кај инпутот и кај аутпутот, се намалени за 0,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е 13,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август оваа година е за 0,5 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, додека во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 процентни поени.
На конференцијата присуствуваа 48 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи.
Првичните податоци за август покажуваат раст на депозитите на населението, а голем придонес кон растот на вкупната депозитна база имаат депозитите на корпоративниот сектор.
Претставници од Македонија, Бугарија и Словенија денеска на конференција во Скопје разменуваат искуства за отвореност на податоците на владите за трошење на парите од буџетот.
Научно - истражувачкиот институт ИЕГЕ денеска ја отвора првата Менаџерска школа за инженери во Македонија (МИМ).











