На конференцијата ќе присуствуваат 48 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи.
Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира Македонско - украински бизнис форум на кој ќе присуствува висока официјална и бизнис делегација од Стопанската комора за трговија и индустрија на Украина.
Министерството за економија, преку обука за начините и можностите за идентификација, подготовка и реализација на мерки за енергетска ефикасност, ќе укажува на потенцијалот за штедење енергија кај малите и средни претпријатија.
Во Централниот регистар воспоставени се два нови регистра - Регистар за продажба со задржување на правото на сопственост и Регистар за обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права.
Министерството за финансии нема да ја одржи аукцијата на државни записи, којашто беше предвидена за денеска.
Агенцијата за катастар на недвижности со помош на холандски експерти ќе го подобрува квалитетот и изработката на топографските карти и ќе ја подобрува Националната стратегија за инфраструктура на просторни податоци.
Бројот на туристи во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 8,3%, додека кај бројот на ноќевања има пораст од 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Дирекцијата за заштита и спасување на интернет страната објави Упатство за самозаштита на граѓаните од земјотреси.
Во јули оваа година се издадени 256 одобренија за градење, што е за 28,7% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто домашниот производ во текот на второто тримесечје од оваа година забележа раст од 2,2%, покажуваат проценетите податоци на Државниот завод за статистика.
Стапката на невработеност, во второто тримесечје од оваа година, е 24%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Седумнаесет македонски компании ќе учествуваат на Саемот World food 2016 (МИР ПИТАНИЕ 2016), што ќе се одржи од 12-ти до 15-ти месецов во Москва.
Трговската размена меѓу Македонија и Германија, која е најголем надворешен трговски партнер, првпат оваа година ќе ја надмине сумата од три милијарди евра.
Трошоците на живот во август оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,1%, а кај цените на мало има зголемување од 0,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Целта е промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно - истражувачките, високообразовните институции и бизнис секторот, како и промоција на лабораториите на факултетите.
Fондацијата обезбеди одреден износ на средства за купување на нови електронски апарати за домаќинството (шпорети, фрижидери, машини за перење и друго), како апарати кои претходно беа утврдени како потребни за засегнатите семејства.
Цените на угостителските услуги во август оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вип објавува збогатување на ТВ програмската листа достапна за сите корисници на Вип пакетите кои вклучуваат ТВ услуга, со атрактивните HBO канали.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до јули оваа година, достигна вредност од 993.463.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Централниот регистар на Република Македонија ќе соработува со норвешкиот регистарски центар Бренесунд при воспоставувањето систем за параметри и алатки за спроведување кост бенефит анализи во процесите на проценка на влијанието на регулативата.
Стапката на слободни работни места, во второто тримесечје од 2016-та година, е 1,38%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Наменета за стартапи, тимови и претприемачи кои работат во областа на информациските технологии, пред - акцелераторската програма ќе се одвива во текот на осум недели и има за цел да обезбеди вештини и знаење.
Зголемување на прометот во трговијата на мало во јули, во однос на истиот период лани, забележува Државниот завод за статистика.
Од денеска се укинуваат хартиените билети за 10 возења во градскиот јавен автобуски превоз. Хартиените билети за едно возење, купени кај возачот, остануваат во употреба.











