Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година деловните субјекти што
се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11.633.786 илјади денари, што е за 27,8% повеќе во однос на претходната година.
Опсерваторијата и светата планина Кокино е меѓу најстарите и најуникатните примери на културно наследство во Македонија, па затоа целта на проектот е локалитетот да стане лесно достапен за туристи и физички и на интернет, а притоа да се сочува неговиот автентичен изглед.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 67,8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.
Единствено сега секој заинтересиран купувач за овие модели во рамки на пролетната кампања добива 15% попуст за возилата кои се на залиха.
Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, утре (петок), 24.06.2016 година, ќе го промовира првото електрично возило Феитмобил.
Етно-комплексот зафаќа површина 12.000 метри квадратни и е изграден во стилот на традиционалната македонска архитектура. Располага со автентични куќи од различни делови на Македонија во коишто можат да се сместат до 100 гости.
Во Скопје денеска се отвори Центар за сензорна терапија за деца со аутистичен спектар на нарушувања кој што отвора нови можности и перспективи за децата со аутизам и нивните родители.
Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани.
Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост (Проектот), имплеметиран од Моја Кариера, денеска заедно со своите партнери и корисници ги прослави постигнатите резултати по повод свечено затворање на проектот.
Двајца претставници од Македонија ќе учествуваат на Глобалниот саем за претприемништво (ГЕС) 2016 што ќе се одржи од 22 до 24 јуни во Пало Алто, Калифорнија.
Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2015 година изнесува 4.454.830.000 денари. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2015 изнесува 1,06%.
Трговскиот центар Рамстор и турскиот авиопревозник Turkish Airlines организираат наградна игра, во којашто главна награда се два билета за финалето на Европското првенство во фудбал.
Големината е во помагањето, а во овој случај тоа е остварување на сонот на три момчиња и девојчиња да присуствуваат на кампот на Кирил Лазаров.
На простор од 150.000 м2, со вкупна изградена површина од 500.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек, денеска започна со изградба населбата Александрија, која е првата ЕКО населба во Скопје.
Најмладите и сите љубители на волшебниот свет на бајките ќе имаат можност да уживаат во четирите приказни од едицијата Бајки од Македонија денеска од 18 часот во трговскиот центар Сити Мол во Скопје.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април оваа година, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а пониски за 4,1% на годишно ниво.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2016 година е за 0,1 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2015 година е зголемен за 6,5 процентни поени.
Прометот во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 15,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените во земјоделството во мај оваа година, во однос на истиот период претходната година, кај инпутот е забележано намалување за 3,1%, а кај аутпутот за 9,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Програмата се однесува на професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини и е специјално креирана согласно потребите што ги имаат инженерите.
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) започна со реализација на серија тематски состаноци во рамки на новиот проект наречен Деловен појадок.
Системите капка-по-капка се лесни за употреба, заштедуваат многу време, драстично ги зголемуваат приносите, го намалуваат плевелот и користат значително помалку вода од конвенционалкото наводнување кое бара поплавување на полињата со ориз.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија организираше тридневна инфо тура за тур операторот Voyager Autrement, којшто на годишно ниво испраќа над 15.000 туристи насекаде во светот.
Вкупно 228 одобренија за градење се издадени во текот на април оваа година, што е за 8,6% повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.











